Skip to content
Почеток » Проекти » Проект „Studying biotechniques in the field of hairdressing and graphic design“

Проект „Studying biotechniques in the field of hairdressing and graphic design“

За Проектот

Oт 07.04 до 29.04.2024 нашата организација беше домаќин на стручна пракса, која што е дел од проектот „Studying biotechniques in the field of hairdressing and graphic design“ со број на договор 2023-1-MK01-KA122-VET-000127040, кој што е кофинансиран од програмата Еразмус+ во рамките на Европската Унија. Проектот се реализираше во партнерство со македонското училиште „Димитар Влахов“ од град Скопје, Северна Македонија.

Праксата беше за вкупно 15 ученици (10 ученици от струката лични услуги и 5 ученици от струката графичарство) и двајца придружни професори. Работните активности се реализираа на територијата на град Сливен, Бугарија

Состанок за инструкции и презентирање на работната програма на праксата

СТРУЧНА ПРАКСА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД СТРУКАТА ЛИЧНИ УСЛУГИ

Учениците от струката лични услуги беа разделени во две групи – 5 ученици одеа на пракса во фризерскиот салон „Мелани Стил”, a другите пет во фризерскиот салон „Мерилин” .

Учениците имаа можност да се запознаат со професионалниот пат на двете фризерки, кои што беа нивни ментори за време на работните активности, да научат малко повеќе за европските регулации во фризерството, да работат во реална работна средина и да научат нови конвенционални и био техники во фризерството.

Благодариме на Милена Димитрова и Станимира Валева за тоа што ги примија учениците на пракса и им дозволија да си “украдат” од нивниот занајат.

Стручна пракса во фризерскиот салон „Мелани Стил“

Стручна пракса во фризерскиот салон „Мерилин“

Благодариме на Милена Димитрова и Станимира Валева за тоа што ги примија учениците на пракса и им дозволија да си “украдат” од нивниот занајат.

СТРУЧНА ПРАКСА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД СТРУКАТА графичарство

Учениците од струката графичарство генерално одеа на пракса во рекламната агенција „Арт Миг“ и се запознаа со историјата на фирмата, услугите кои што рекламната агенциија ги нуде на клиентите, а исто така и со секојдневните работни процеси сврзани со рекламните материјали. Благодариме на Даниела и Константин Баџеви за одделеното време и за тоа што беа дел од нашиот проект!

РАБОТИЛНИЦИ И ПОСЕТИ

Посета на „Димитар Добрович“ – Сливен

Учениците од таа струка, беа и на посета во гимназијата „Димитар Добрович“ и имаа представување на училиштето и струките кои што се изучуваат тамо од страна на директорот Александар Дојчинов. Благодариме на г-н Дојчинов за топлиот дочек!

Климатска фреска со Благовеста Попова

Учениците и од двете струки имаа можност да играат Климатска Фреска – едукативна работилница/игра на табла со карти кои претставуваат фактор на климатските промени. Благодарение на неа, учесниците поминаа низ фасцинантен процес кој им помогна да ја откријат врската помеѓу причините и последиците поврзани со климатските промени и да бараат можни решенија за излез од кризата.
За време на оваа работилница разговаравме за тоа колку сериозни би можеле да бидат последиците од климатските промени, разговаравме за можни решенија, цртавме и игравме игри на отворено. И благодариме на Благовеста Попова-Петкова за емоцијата и за тоа што беше дел од нашите активности!

Практична вежба со Illustrator

Учениците имаа и презентација и работилница од Симеон Атанасов, сопственик на Simple Studio – студио за графички дизајн и програмирање, и имаа можност да научат малку повеќе за Adobe Illustrator додека креираа редизајн на логото за нашиот проект GreenBurg.

Дискусија со Јасминка Гудоманова – директор на училиштето Димитар Влахов од Скопје
Практична вежба со Симеон Атанасов од Simple Studio

Културна програма

Во рамките на културната програма, учениците го посетија морскиот град Бургас и уживаа во уникатните морски гледки. Имаа прошетка со две прекрасни девојки од Burgas Free Tour. Прошетката започна на часовникот, а заврши на панорамата покрај Морското Казино. Учениците научија интересни факти за Бургас и животот на старите граѓани на Бургас, а поминаа и покрај најамблематичните згради во центарот на градот.

Групна фотографија со Деја и Дарина од Burgas Free Tour

Учениците го посетија и Велико Трново и имаа едукативна прошетка со Марин од Free Veliko Tarnovo Walking Tours. На прошетката научија за историјата на Бугарија, а видоа прекрасни споменици, занаетчиски продавници и интересни градби.

Учениците од скопското училиште Димитар Влахов во Велико Тарново
Учениците од училиштето Димитар Влахов од Скопје во Велико Трново

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *