Skip to content
Почеток » Проекти » Проект „Unconventional processing methods in agriculture and mechanical engineering“

Проект „Unconventional processing methods in agriculture and mechanical engineering“

За Проектот

Oт 04.06 до 18.06.2023 нашата организација беше домаќин на стручна пракса, која што е дел од проектот „Unconventional processing methods in agriculture and mechanical engineering“ со број на договор 2022-1-MK01-KA122-VET-000072512, кој што е конфинансиран от програмата „Еразмус+“ на Европската Унија. Проектот се реализираше во партнерство со македонското училиште „Гоце Делчев“ од град Валандово, Северна Македонија.

Праксата беше за 15 ученици и двајца придружни професори од земјоделската струка на училиштето и работните активности се реализираа на територијата на град Сливен и град Бургас.

Состанок за инструкции и презентирање на работната програма на праксата

стручна Пракса
во Сливен

Во Сливен учениците одеа на пракса во сливенската фирма „ГеоАгро Зем“ и имаа можност да слушат презентација од сопственикот Георги Радев, кој што им разказа за историјата на фирмата и видовите зрнени култури, кој што ги произведуваат, както и машините со кои што работат. Учениците участвуваа во процесите по собирање на реколтата и во процесот на прскање на растенијата. Георги Радев и неговото семејство обработваат над 11000 декара земја во регионот на Сливен. Тој е заменик претседател на Управниот Совет на „Националната асоциација на производителите на зрнени култури” (НАЗ), како и претседател на Сдружението на земјоделските производители „Хаџи Димитар” .
Благодариме на семејството Радеви за топлото добредојде и несебичното претставување на процесите на производство!

Стручни и теориски знаења на полето со пченка на нивата во с. Камен
Во стопанскиот двор на „Гео Агро Зем”

Во Сливен исто така, учениците участвуваа и во презентацијата и практичниот дел по име „Од градина до шише” на која што лектор беше Алекс Конгаров. Освен посетата на градината со лаванда, каде што учениците се запознаа со процесот и засадување и одгледување на лаванда, ја посетија и рафинеријата и научија повеќе за процесот на добиване на маслото и водата од лаванда. Исто така помогнаа и во полнењето и подговотката на маслото од лаванда за продажба. Зборувавме и за био сертифицирање, пчеларство и добивање на мед од лаванда, а за крај имаше и оро, затоа што нели со песна многу полесно се работи.
Благодариме на Алекс од „Lavender Paradise” за топлото добредојде и деталната презентација!

Пракса на нивата со лаванда на „Lavander Paradisе”
Полнење на шишиња со масло од лаванда во рафинеријата на „Lavander Paradise”

Учесниците имаа можност да го посетат и природниот парк „Сини Камени” и да уживаат во гледките.

Поглед кон гр.Сливен

стручна Пракса
во Бургас

После Сливен, праксата продолжи во Бургас, каде што учениците имаа презентација од Константин Георгиев, кој што е волонтер во светски познатата организација WWF и нејзината младешка структура „ПанГеја”. Константин им разказа на учениците како тој заедно со уште тројца пријатели – тинејџери од Русе се разработиле био алтернативен пестицид против штетниците по растенијата. Идејата им била реализирана со помош на програмата „Панда лабс“ на Светскиот фонд за дивата природа. Младите луѓе создале био пестицид, со кој може да избегнат штетните ефекти за природата од традиционалните пестициди. Коцето ни кажа дека првиот чекор, кој што се направиле е било да ги изберат вистинските составки на био пестицидот. Главната составка е коприва, која што се остава во вода на собна температура и така се чека да ферментира. Кон неа се става и лук, лут пипер и масло од лаванда.
Благодариме на Константин за одделеното време и за тоа што уште еднаш беше дел од активностите на нашата организација!

Групна слика со Константин Георгиев

Во Бургас на гости ни беше и Петја Иванова од Асоциацијата на Бугарските Но-Тилари. Учениците имаа можност да се запознаат с регенеративното земјоделство като систем од принципи и практики, кои што се стремат да регенерираат и подобрат целиот еко систем на стопанството от гледна точка на одржливост, вклучително и подобрување на здравјето на човекот и економскиот просперитет. Зборувавме и за улогата на фармерите, основните принципи на регенеративното земјоделство и како тој вид на земјоделство предлага една од најголемите можности да помогне на Европа да подобре здравјето на луѓето и климата, заедно со финансовата состојба на земјоделците и фармерите. Асоциацијацијата започнува работа неофицијално во 2013 година кога мала група производители на зрнени култури започнуваат да прилагат конзерваторско и регенеративно земјоделство преку методоѕ на ноу тил (без орање) – технологија за сеење во поголемите стопанства.
Благодариме од срце на прекрасната Петја за тоа што беше дел од нашиот проект и што несебично ги сподели нејзнитите знаења со нашите ученици.

Презентација од Петја Иванова во Бизнис Инкубатор Бургас

Како дел од културната програма во Бургас, учениците го посетија и Природно-научниот Музеј Бургас, кој што е единствениот по род музеј во Југоисточното Черноморие. Изложбата на музејот претставува геологија и современата природна различност на Југоисточна Бугарија со колекции като „Магичниот свет на каменот“, „Флора и фауна на планината Странџа“ и „Ресурси на птици на бургаските влажни зони“. Исто така, имаа прошетка и со три прекрасни девојќи од „Burgas Free Tour“. Прошетката започна на часовникот, а заврши на панорамата до Морското Казино. Ни разкажаа интересни факти за Бургас и жињотот на старите бургазлии, а поминавме и покрај најемблематичните згради во центарот на Бургас. „Burgas Free Tour“ е волонтерска организација за безплатни туристички прошетки во Бургас.

Посета на Природно-научниот Музеј Бургас
Прошетка со волонтерите на „Burgas Free Tour”

За крај, учениците си добија и европски сертификати „Europass”. Овој вид сертификат ги опишува знаењата и вептините на учениците стекнати во друга европска држава.

Добивање на „Europass” сертификати

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *