„Център за активни младежи – Заедно можем“ склучи договор за партнерство со македонското училиште „Гоце Делчев“ од Валандово.
Реализацијата на проектот „Unconventional processing methods in agriculture and mechanical engineering“ со број на договор 2022-1-MK01-KA122-VET-000072512, кој што е кофинансиран од програмата „Еразмус+“ на Европската Унија, започна почетокот на оваа година и во него се предвидени две мобилности за учениците от земјоделската и машинската струка на училиштето. Учениците од земјоделската струка ќе практикуваат во Бугарија, а учениците од машинската струка во Португалија. Времетраењето и на двете мобилности е за рок од 14 денови.

Во почетокот на месец јуни оваа година организацијата ќе пречека 15 ученици и двајца придружни професори од земјоделската струка на македонското училиште и ќе организира стручна пракса во реномирани фирми/фарми во Сливен и Бургас. Мобилноста ќе вклучи пракса во реална работна средина, работни посети, како и лекции од лектори од земјоделската област. Освен стручниот дел, предвидена е и културна програма за време на викендите, која што ќе вклучи посета на морскот град Бургас, посета на музеи и дегустација на традиционална бугарскаа храна.
Освен организирането на стручната пракса, CAY ќе се погрижи и за пријатниот престој на учесниците во бугарската мобилност, менторството, издаването на сертификати Europass за учениците и популаризацијата на проектот.


