Од 01.02.2023 г. организацијата „Центар за активни млади луѓе-Заедно можеме” започнува да реализира проект со име „Гринбург” со број на договор 2022-3-BG01-K154-YOU-000097409, кој што е финансиран од програмата „Еразмус+” на Европската Унија. Проектот ќе се реализира во град Бургас и ќе трае 6 месеци. Проектот ќе се реализира во партнерство со организацијата „Burgas Open Space”.
Проектот е резултат на практичниот дел на курсот за пишување на проекти за програма „Еразмус+”, Клучна Акција 1, сектор „Млади”, организиран од општина Бургас за своите граѓани.

Со проектот сакаме да ја повишеме мотивацијата и свеста на младите луѓе за зачувување на животната средина и да дадеме можност за дијалог помеѓу младите луѓе и локалната власт.
Со овој проект исто така сакаме да поттикнеме нови партнерства со локални организации и јавни институции со цел создавање на мрежа од заинтересирани физички и правни лица со кои да си партнираме. Исто така сакаме да им дадеме на младите луѓе платформа, со цел изразување на своите мислења и ставови по темата.
Планирани се презентации во четири бургаски гимназии со лектори од организации сврзани со екологијата, како и организирање на еко-фест „Гринбург”. За оваа цел е формиран тим од 4 млади луѓе кои ќе имаат можност да добијат искуство во менаџирање на проекти финансирани од европската програма, да органзиираат фестивал, како и да ги популаризираат резултатите од проектот.


