Оваа анкета е создадена со цел да бидат изберени волонтери кои што ќе помагаат во активностите на проект “Greenburg+“ сo број на договор 2024-1-BG01-KA154-YOU-000227357, кофинансиран од европската програмата „Еразмус+“.
Може да аплицират ученици од прва до четврта година од бургаските средни училишта.
Се бараат мотивирани и активни млади луѓе со желба да помагаат во реализирањето на активности надвор од училиштето – три еднодневни едукативни и забавни настани “Greenburg+”,еднодневен настан “GreenburgFest“, создавање на онлајн платформа за сите настани сврзани со екологијата на територијата на цела Бугарија и создавање на дигитален прирачник.
За време на волонтерството во нашата организација ќе научете нови работи во областа на екологијата, а ќе имаш можност да се запознаеш и со активни врсници. Ќе имаш можност да учествуваш во тимбилдинги, а ќе добиеш и сертификат Youthpass кој што ќе ти помогне при аплицирање на факултет и барање на работа во иднина.
Ќе бидат создадени 5 екипи волонтери, а секоја екипа ќе има лидер, кој ќе биде поставен од нас:
- Социјални медиуми – младите луѓе од овој тим ќе креираат дизајн за објави во социалните медиуми на проектот, како и ќе подготвуваат слики и видеа и ќе ги прикачуваат.
- Создавање на платформа – ќе помагаш во создавањето на кодот, дизајнот на страницата и качувањето на информација во неа.
- Концерти – ќе учествуваш во изборот на групи, местење на техника и логистиката покрај организирањето на концерт.
- Администрација – ќе помагаш при подредбата на документи и воведување на информација.
Избраните кандидати ќе бидат известени по имеил за тоа дали ќе станат дел од нашиот тим на волонтери. Сите волонтери ќе имаат ментор, кој што ќе им помогне да се прилагодат, ќе им дава задачи и ќе ја следи нивната работа
Ќе се радуваме да бидете дел од нашио тим!
За повеќе прашања можете да се обрнете кон: Деја Великова (ментор на волонтери) – 0879011732, Михаела Атанасова (координатор на проектот) – 088 713 3749 или да ни пишете на [email protected]
Анкетата ќе биде отворена до 10.09.2024 г.


