Нашиот член Михаела Михаилова-Атанасова беше дел од Media Sapiens, односно обучителен курс за медиумска писмоност за младински работници. Проектот се спроведе од 13.03.2022 до 19.03.2022 во град Преров, Чешка Република, а домаќин на курсот беше чешката организацијаMission: Reconnect.


Во проектот учествуваа вкупно 24 учесници од Бугарија, Северна Македонија, Грција, Хрватска, Чешка, Латвија, Полска и Франција.
ЦелТА на курсОТ беше да се повишат знаењата на учесниците, односно нивната медиумска писменост на (клучни термини, концепти) со специален фокус на следните теми: да анализира и оценува медиумско пораки и да разграничува објективната информација од дезинформацијата (лажни и вистински новости), изградување на медиумски пораки, дејствувањето на медиумските пораки, односно мислењето на општеството и како медиите влијаат на создавањето на ‘opinion bubbles’. Исто така, учесниците имаа можност да развиват компетенции за вклучување на новодобиената пракса во работата со млади луѓе.

Проектот вклучуваше активности, базирани на неформално образование, кои што доставија на учесниците можност да учествуваат во интерактивни презентации и дискусии по темите кои што се сврзани со медиумската писменост.



