Skip to content
Почеток » Проекти » Започна реализацијата на проектот „Studying biotechniques in the field of hairdressing and graphic design“

Започна реализацијата на проектот “Studying biotechniques in the field of hairdressing and graphic design”

students-practice-vet-projects

На 01.10.2023 г. започна реализацијата на проект “Studying biotechniques in the field of hairdressing and graphic design” со број на договор 2023-1-MK01-KA122-VET-000127040. Координатор на проектот е македонското училиште „Димитар Влахов“ од Скопје, а ќе се реализира во партнерство со “Centre for active youth – Together we can”.

Проектот е кофинансиран од програмата „Еразмус+“ на Европската Унија, а мобилноста предвидена во него ќе започне да се реализира почетокот на месец април 2024 г. Предвидена е мобилност за 10 ученика од струката лични услуги и 5 ученика от струката графичарство. Времетраењето на мобилноста е за рок од 21 ден со вклучени два дена пат.

Почетокот на месец април 2024 г. здружението ќе биде домаќин на 15 ученици и двајца придружни професори од македонското училиште и ќе организира стручна пракса во реномирани фирми во град Сливен. Мобилноста ќе вклучува пракса во реална работна средина, работни посети, како и лекции од лектори од фризерската и графичката област. Освен стручниот дел, предвидена е и културна програма за време на викендите, која што ќе вклучи посета на морскот град Бургас, посета на музеи и дегустација на традиционална бугарска храна.

dimitar-vlahov-logo

Освен организирането на стручната пракса, CAY ќе се погрижи и за пријатниот престој на учесниците во бугарската мобилност, менторството, издаването на сертификати Europass за учениците и популаризацијата на проектот. Проектот завршува на 30.09.2024 г.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *